Во автокампот „Љубаништа“ вчера беше отворена еколошко-нуркачка станица во чест на прерано починатиот нуркач Дејан Костојчиноски.
–Еколошката станица го носи името на нашиот прерано починат другар, член на клубот. Наменета е за заштита на животната средина, намалување на загадувањето на езерото и природата, како и поддршка на кампот, информираат од Клубот за подводни дејности „Охрид“.

Станицата е опремена со компресор, боци за нуркање, а со цел за реализација на еколошки акции во дел од езерото кај Љубаништа, Трпејца и Свети Наум. Идејата за отворање на нуркачката станица ,била на Костојчиноски, кој имал и изготвен проект за нејзина реализација, велат од Клубот.
Дејан Костојчиноски почина ненадејно во март 2025 година на 43 годишна возраст.