Голем хуманитарен концерт на Охридскиот камерен оркестар за малата Ева
Влезот е слободен но ќе бидат поставени кутии за донирање средства кои ќе бидат наменети за лекување на 10 годишната Ева од Охрид.

Голем хуманитарен концерт на ОХРИДСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР ќе се одржи утре во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток од 19:30 часот.
Концертот е насловен „Охрид знае љубов што е – Омаж за Григор Копров“ и на него ќе настапат проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мицкоски, Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Василески.
Влезот е слободен но ќе бидат поставени кутии за донирање средства кои ќе бидат наменети за лекување на 10 годишната Ева од Охрид. Концертот е поддржан од Општина Охрид.







