Skip to main content

Црвен крст Охрид ќе додели признанија на заслужни крводарители

Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град и се придонесува да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвен Крст Охрид.
 |  инфодеск  | 
Крводарителство

По повод 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Охрид, утре, 17 март, со почеток во 13 чaсот., во своите простории ќе организира пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2025 година.

Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажуваат нашите крводарители преку доброволно дарување крв, придонесува да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвен Крст Охрид.

Оттаму упатуваат искрени честитки, благодарност и почит кон сите крводарителите, поединци, фирми, институции кои својата хуманост и општествена одговорност ја истакнале дарувајќи крв и поттикнувајќи го крводарителството како висок чин на хуманост.

Особена благодарност упатуваат до медиумите за придонесот во унапредување и развој на крводарителството во РСМ.