Skip to main content

Зоран Јовановски е првиот Македонец кој настапил на Зимските параолимписки игри

Струмичанецот Зоран Јовановски стана првиот зимски параолимпиец од Македонија на Зимските параолимписки игри „Милано – Кортина 2026“.
 |  инфодеск  | 

Зоран Јовановски со својот настап во машкиот слалом во седечка класа LW11 на Зимските параолимписки игри Милано‑Кортина 2026 испиша ново поглавје во македонскиот спорт, станувајќи првиот македонски зимски параолимпиец.

Настапот на Јовановски претставува значаен чекор напред за развојот на параспортот во Македонија. Неговиот пример може да биде силна инспирација за идните генерации спортисти со попреченост, кои ќе добијат мотивација да се вклучат во спортот и да ги следат своите соништа.

Со овој историски момент, Македонија се впишува на мапата на земјите кои имаат претставници на зимските параолимписки игри, а настапот на Јовановски останува важен симбол на храброст, посветеност и спортски дух.

Настапот на Јовановски во Кортина беше обележан и на официјалната страна на паролимпијадата.

За настапот на Јовановски заслужни се тренерите Јане Стефанов, Петар Илев и Вангел Тркаљанов.