Стружанка бесправно изградила куќа во Трпејца
Против лицето е поднесена кривична пријава, а врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50 годишна жена од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
– Таа, во својство на инвеститор, на катарстарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа. Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид.







