Skip to main content

тав охрид

Од денес нова директна авиолинија до Братислава

Нова авиолинија Братислава – Охрид
 |  инфодеск  | 

Од денеска 17 март, граѓаните ќе може да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до аеродромот во Братислава. Овој лет ќе сообраќа 4 пати неделно (вторник, четврток, сабота и недела).

-Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации, изјави министерoт за транспорт Александар Николоски.

Инаку, од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано Малпенза (Италија).