Skip to main content

Прекин на водоснабдувањето од Метропол до Пештани

Eкипи на ЈП Водовод – Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата на дефектот.
 |  инфодеск  | 
Водовод Охрид

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка ф315 мм) денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на потегот од Метропол до с. Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата на дефектот.