Skip to main content

Охридскиот Народен театар организира две театарски изведби за помош на Ева

Охридскиот Народен театар организира две хуманитарни театарски изведби, со цел да се собират средства за лекување на нашата сограѓанка Ева во Германија.
 |  инфодеск  | 

Народен театар Охрид ги поканува граѓаните на две специјални хуманитарни претстави, каде уметноста добива уште подлабока смисла – да помогнеме таму каде што е најпотребно.

На 26 март премиерно ќе биде изведена детската претстава „Чаплин во црно-белиот свет“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а на 27 март, по повод Меѓународниот ден на театарот, ќе се одигра претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски.

Претставата „Чаплин во црно-белиот свет“ на 26.03.2026 е со почеток во 19:00 часот, цена на билет 150 денари. Претставата „Парите се отепувачка“ на 27.03.2026 е со почеток во 20 часот и цена на билет 300 денари.

Сите средства од продажбата на билети од двете претстави ќе бидат донирани за лекувањето на Ева.

-Ова е можност преку театарот да направиме нешто навистина значајно. Да покажеме дека заедно можеме повеќе. Да наполниме сала. Да подариме надеж. Да помогнеме, порачуваат од Народен театар Охрид.