Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека повеќе од 9 часа макотрпно работат на санација на комплициран дефект на цевка со профил ф315 мм, на потегот помеѓу Лагадин и с.Пештани кај автокампот Елешец. Се работи на ризичен терен на длабочина поголема од 5 метри.
Санацијата продолжува и во попладневните часови .
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

