Вработените од ЈЗУ Општа болница Охрид обединети за Ева

Вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, обединети со заедничка хумана цел, реализираа акција за поддршка на малата Ева од Охрид, која води тешка и храбра борба.
• Синдикалната организација на ЈЗУ Општа Болница – Охрид донираше 120.000 денари,
• а дополнително беа собрани уште 66.700 денари преку доброволни донации од вработените, поставени во кутии на одделите.
Собраните средства се донирани за поддршка на лекувањето на Ева – како симбол на заедништво, хуманост и надеж.
Оваа иницијатива е уште една потврда дека вработените во оваа установа покрај професионалната грижа, носат и големо човечко срце.
Хуманитарната акција за собирање средства за лекување на Ева продолжува. Сите хумани граѓани кои можат и сакаат да донираат тоа можат да го направат преку повик на телефонските линии, 143-126 на мрежата на Telekom и 143-504, преку мрежата на А1 и на сметката за донации и кампањата преку платформата ecrowd.mk.







