Синдикалната минимална кошница за март 67 818 денари
Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326 денари, посочуваат од ССМ.
| инфодеск | Македонија
На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67 818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83 193 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326 денари, посочуваат од ССМ. Овие бројки покажуваат дека трошоците за живот продолжуваат да растат побрзо од чувството дека платите можат да ги стигнат.