Skip to main content

„К15: Од другата страна“ на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев” на 25-ти март

„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија.
 |  инфодеск  | 

Документарен филм „К15: Од другата страна“ на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид во среда 25.03.2026 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари.

„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект.

Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.

Картите се пуштени во продажба на билетара. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.