Нина Кузманоска од ОСУ „Св. Климент Охридски“ државен првак по Германски јазик
Нина Кузманоска, ученичка во прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид на државниот натпревар по Германски јазик, кој се одржа на 14.03.2026 година во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје, постигна извонреден успех, освојувајќи I награда со импресивни 38 од вкупно 40 поени, а ученичката Антониа Павловска од II година имаше успешно учество под менторство на проф. Радмила Толеска Таламаноска.
Овој значаен резултат е потврда за нивната посветеност, труд и љубов кон германскиот јазик, како и доказ за квалитетната настава и поддршката што ја добиваат во нашата Гимназија. Во силна конкуренција од ученици од целата држава, тие се истакнаа со своето знаење, јазична прецизност и сигурност во изразувањето, велат од охридската гимназија воедно упатувајќи честитки за ученичките и нивниот ментор, со желби за уште многу успеси во иднина.
Додаваат дека се горди на успехот на своите ученички, кој претставува инспирација и поттик за понатамошни достигнувања.