Skip to main content

ООУ „Григор Прличев“

Прличевци со одличен успех на Државниот натпревар по германски јазик

Честитки за сите учесници за вложениот труд и постигнатите резултати!
 |  инфодеск  | 

На 14.03.2026 година во Прилеп се одржа Државниот натпревар по германски јазик, на кој учениците од ООУ „Григор Прличев“ уште еднаш ги покажаа своите знаења, вештини и љубов кон изучувањето на странските јазици.

Учениците се истакнаа со одлични резултати, демонстрирајќи висок степен на подготовка, труд и посветеност. Во силна конкуренција од ученици од целата држава, тие успешно одговорија на сите предизвици што ги носи натпреварот и достојно го претставија своето училиште.