Охриѓанка нападната во казино, добила и закани од напаѓачот да не го пријавува
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 19.03.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид 43 годишна жена од Охрид пријавила дека во и пред казино во Охрид била физички нападната од машко лице.
-Лицето и упатило и закани за да не го пријавува случајот во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.







