Skip to main content

Неколкучасовен прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Прекинот од 9:30 часот е поради интервенција на водоводната мрежа, посочуваат од ЈП Водовод Охрид.
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

Неколкучасовен прекин ќе има во водоснабдувањето кај корисниците на дел од улиците „АСНОМ“ и бул.„Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Прекинот од 9:30 часот е поради интервенција на водоводната мрежа, посочуваат од претпријатието.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците на улиците „Страшо Пинџур“ и „Серафим Китаноски“.

Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.