Oхридските шахисти постигнаа одлични резултати на Државното првенство за oсновни и средни училишта
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Шаховската федерација на Македонија, на 19 март 2026 г. во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, се одржа Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта.
Учество зедоа вкупно двесте учесници од целaта држaва. Охрид имаше седумнаесет свои претставници.
Екипата на охридските шахисти, предводена од наставничките Валентина Караѓуле Модева и Кате Бујароска Анѓелеска, се врати со две сребрени медали на најдобро пласираните: Елена Лушеска (ОСУ Св. Климент Охридски) во категорија – средни училишта /девојчиња и Јован Пуроски (ООУ Св. Климент Охридски) во категорија – основни училишта (VI – IX одд) /момчиња.




Одлични партии, голема концентрација и мотивираност покажаа и следните ученици: Михаил Николовски и Ахмед Сулејман (СОУ Св. Климент Охридски- Охрид) Ивана Момироска, Сара Момироска, Мила Ѓоргоноска, Марија Дејкоска и Павел Групчев (ООУ Св. Климент Охридски-Охрид) Павел Мишески ( ООУ Св. Наум Охридски-Пештани) Михаил Шапкароски (ООУ Живко Чинго -Велгошти) Марко Танески, Драган Анѓелески, Деркоски Нино, Сидороска Јована, Јана Мицеска и Ана Бошкоска (ООУ Григор Прличев – Охрид).
Патувањето на учениците беше организирано од страна на Сојузот на
училишен спорт Охрид и Општина Охрид.