Skip to main content

Двајца пилоти ја завршија обуката за „ер трактор амфибија“ со што ДЗС ќе ја пречека летната сезона на пожари со пет пилоти

Двајцата вработени пилота во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март беа испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг-центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија.
 |  инфодеск  | 

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што стекнаа сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

Двајцата вработени пилота во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март беа испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг-центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија (АТА Titan Aerial firefightning, Spain). 

Со ова, како што информираат од ДЗС, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти, кои имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, „ер трактор амфибија“ (што може да полнат вода и од езера).