Skip to main content

Измени во календарот за подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција

Целта на измените е поефикасно собирање на селектираниот отпад од домаќинствата каде што веќе се доделени кантите за селекција, велат од ЈП Охридски Комуналец.
 |  инфодеск  | 

ЈП „Охридски Комуналец“ информира дека се направени измени во календарот за подигнување на отпад од пластика и хартија од садовите за селекција.

Целта на измените е поефикасно собирање на селектираниот отпад од домаќинствата каде што веќе се доделени кантите за селекција, велат од претпријатието.

Новиот календар ЈП Охридски Комуналец го објави на својата Фејсбук страна, а истиот ќе им биде доставен на граѓаните и по пошта.

Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 26.03.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција

Потсетуваат дека во случај на проблеми во подигнувањето или прашања во врска со селекцијата на отпадот, граѓаните да се јават на зелениот телефон 076 355 327.