Поевтинуваат бензините
Малопродажните цени на бензините и на екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се намалија за 1,5 денари за литар, а дизелот поефтина за два денари за литар, соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 70,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 46,00 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поефтина за два денари и чини 57,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,940, на 32,865 денари за килограм.
Одлуката на Регулаторната комисија за намалување на цените на нафтените деривати за 2,82 отсто се должи на намалувањето на цената на суровата нафта на светските берзи и зголемување на курсот на доларот.
{loadposition content9}