На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54 годишен жител од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 29 годишник од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.