Електронскиот отпад e еден од најопасните загадувачи
Научните анализи изминативе години во Охридското Езеро покажуваат присуство на тешки метали како олово и жива, кои не се гледаат во водата, но се акумулираат во седиментите на дното. Еден од потенцијалните извори е електронскиот отпад, кој доколку не се третира правилно, завршува во природата. Во таа насока, дел од активностите се насочени кон едукација и селекција на отпад, особено кај младите.
-Ние го развиваме овој модел поставување на потребна инфраструктура канти за селекција на отпад. Се фокусираме на пластика и хартија. Сега веќе започнавме и со селекција на електронски отпад и училиштата станаа да кажам центри за собирање и на текстилен отпад. Се нудат едукативни рабитлници за важноста од примарноста на селекцијата едукативни работилници кои ги потенцираат здравствените бенефити, бенефитите за животната средина но и за заедницата, вели Драгана Карашова еколог.

Електронскиот отпад содржи опасни материи кои преку почвата и подземните води можат да стигнат до езерото. Подземните води се еден од најголемите ризици, предупредуваат експертите.
-Подземните води се уште поголем проблем бидејки имаме голем број депонии и во околината на градот и во руралните средини кои што со инфилтрација загадувачките материи допираат до подземните води а потоа ги загадуваат. Секое загадување на подземните води е многу опасно неизвесно и речиси невозможно да се пречистат, вели Ѓоко Зороски еколог
Тешките метали не се разградуваат и остануваат во природата со години, што претставува долгорочен ризик за екосистемот. Решението, според експертите, е во системско управување со отпадот.
-Треба итно план за акција што побрзо да се реализира планот за селекција на отпад да се изгради собирниот центар за различни видови за отпад и нормално оваа депонија во Новаци да се гради и да ја користиме, вели Зороски.
Иако концентрациите на тешки метали засега се ниски, притисокот врз езерото постои и се акумулира со текот на времето, а дел од анализите укажуваат и на пошироки влијанија врз животната средина и здравјето.