Tри нови случаи на семејно насилство во Охрид, во полицискиот билтен за изминатите 24 часа на територија на СВР Охрид.
На 24 март 2026 година, во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44 годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10 годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19 јуни 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко насилство кон неговата сопруга и нивните деца. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка.
На 24 март 2026 година, во 20:45 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 60-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 20:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.
На 24 март 2026 година, во 16:30 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 37-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, велат од СВР Охрид.