Skip to main content

армија на рсм

Македонската Армијата се модернизира со 17 нови оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД

Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, вршителот на должност шеф на Мисијата на Амбасадата на САД Никол Варнс, беа презентирани лесните оклопни возила (ЛОВ) „Stryker“, кои станаа составен дел од Армијата.
 |  инфодеск  | 

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила од типот „страјкер“. Оваа опрема е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за модернизација на македонската Армија со современи борбени средства, а до средината на летото треба да пристигнат вкупно 42 кои се дел од набавката  на воени возила од Соединетите Американски Држави. 

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со пристигнувањето на овие возила значително се зајакнува капацитетот на Армијата. Тој изрази благодарност до припадниците на војската, Министерството за одбрана и стратешките партнери од САД за поддршката и логистиката. Според него, новата опрема ја подобрува оперативната подготвеност и мобилноста, со што Армијата станува поконкурентна во однос на другите воени сили.

Инаку, станува збор за возила кои даваат исклучителна мобилност со оглед на тоа што можат да соберат една единица од 11 војници и да развијат максимална брзина до 100 километри на час. Покрај набавката на Страјкерите дополнително во тек е уште еден проект кој што се реализира со САД наречен Клиса со кој ќе се реставрираат старите и оштетени возила кои биле чувани во депоата. За сега набавени се резервни делови и опрема за да се оспособат и овие возила.