Стари водоводни мрежи, огромни загуби, секојдневни дефекти и лошо менаџирање – ова е сликата во Секторот на водни услуги во земјава. Водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води во моментов ги извршуваат околу 70 претпријатија, соочени со сериозни предизвици и огромни долгови.
Сè уште функционираат старите режими, без поделба на фекална и атмосферска вода, што доведува до сериозни еколошки ризици.
„Секторот бара околу 2,5 милијарди инвестиции до 2045 година. Тоа се огромни средства кои некој треба да ги имплементира и да ги управува тие системи. Она што треба да размислуваме не е само физичката инфраструктура треба да размислуваме за новите технологии дигитализацијата на секторот сето тоа е потребно за да можеме да го управуваме”, изјави Јане Вртески, проект менаџер во АДКОМ.
Изготвен е пилот проект за темелни реформи, со европски пари и фондови, да се намали бројот на јавни прептријатија, наместо мали да има десеттина моќни оператори за водени услуги.
„Мислиме дека голем дел од проблемите ќе бидат надминати со соработка помеѓу општините. Во Македонија бидејќи е мала држава наместо да користите 60 или 70 мали претпријатија најдобро е тие да се припојат во 6 или 7 претпријатија”, вели ЕД Санен проект менаџер од ЕУ.
Доколку нема системски реформи водоводниот сектор, ќе продолжи да тоне во загуби, кои во некои општини поради дотраената инфраструктура достигнуваат и до 80%.
Новинар Соња Рилковска