Skip to main content

Гимназијалците со хумано срце

Вечерва со почеток во 20 часот, во просториите на ЦК „Григор Прличев“, гимназијалците ќе приредат незаборавна вечер исполнета со филмска музика, емоции и солидарност.
 |  инфодеск  | 

Годишниот традиционален хуманитарен настан во организација на учениците од гимназијата Св Климент Охридски повторно ги обединува младите таленти и хуманоста на едно место.

Вечерва со почеток во 20 часот, во просториите на ЦК „Григор Прличев“, гимназијалците ќе приредат незаборавна вечер исполнета со филмска музика, емоции и солидарност. Публиката ќе има можност да ужива во богата програма подготвена од учениците, кои преку својот талент и енергија испраќаат силна порака за заедништво и поддршка.

Хуманата цел на овој настан е особено важна, сите собрани средства ќе бидат донирани за Ева, со што секој посетител станува дел од една поголема приказна на надеж и помош. Картите се во продажба во Гимназијата и нивниот број е ограничен.