Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Минималните температури денес во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури денес во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.