Skip to main content

Отворен ден на УИНТ Св. Апостол Павле за идните студенти

Од Универзитетот упатуваат покана до сите матуранти, ученици и заинтересирани граѓани да го посетат настанот и одблиску да се запознаат со можностите за студирање во Охрид.
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид на 31 март 2026 година организира Отворен ден, настан наменет за матуранти и сите заинтересирани кои сакаат да се запознаат со студиските програми и можностите што ги нуди Универзитетот.

Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, посетителите ќе имаат можност да се информираат за студиските програми, да разговараат со професори и студенти, како и да дознаат како теоретското знаење се применува во практиката во областа на информатичките технологии, вештачката интелигенција и дигиталната трансформацијa.

Во рамки на настанот, предвидена е и универзитетска вечерна забава со DJ од 19:00 до 21:00 часот, каде посетителите ќе можат да ја почувствуваат и студентската атмосфера на УИНТ.

Од Универзитетот упатуваат покана до сите матуранти, ученици и заинтересирани граѓани да го посетат настанот и одблиску да се запознаат со можностите за студирање во Охрид.