Skip to main content

Показна вежба за евакуација утре во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид

Црвен крст Охрид во соработка со надлежните институции продолжува со активности за подигнување на подготвеноста за справување со несреќи и катастрофи.
 |  инфодеск  | 

Во насока на зајакнување на подготвеноста и координираноста за навремено и ефикасно делување при несреќи, елементарни непогоди и катастрофи, Црвен крст Охрид продолжува со спроведување на практични активности во образовните установи.

Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), утре (31 март 2026 година) во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување. Почетокот на вежбата е закажан за 11:30 часот.

Вежбата ќе се спроведе според претходно утврдено сценарио за настаната несреќа, при што активно ќе бидат вклучени тимови од надлежните институции, со цел практична примена на оперативните планови за заштита и спасување, како и плановите за евакуација.

Од Црвен крст Охрид информираат дека ваквите активности имаат за цел да ја зголемат свесноста и подготвеноста кај учениците, наставниот кадар и институциите за соодветно постапување во кризни ситуации.