Skip to main content

Уапсен охриѓанец пријавен за напад врз сопствената мајка

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 


На 29.03.2026 во 18:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 66 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал, физички ја нападнал мајка си и оштетил дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал мајка си. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.