УХМР
Денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и ветер од североисточен правец
Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 12 степени Целзиусови.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност од денес до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.
Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 12 степени Целзиусови.


