Skip to main content

МТТФ освои 42 медали, 2 пехари за најдобри поединци и трето место во севкупен пласман на „Тирана Опен 2026”

Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ, боите на Република Македонија ги бранеа 29 натпреварувачи од  пет клубови на МТТФ.
 |  инфодеск  | 

Со 15 златни, 13 сребрени, 14 бронзени медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место во севкупен пласман се вратија таеквондистите на Македонската традиционална таеквондо федерација од Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2026” во соседна Албанија.

Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ, боите на Република Македонија ги бранеа 29 натпреварувачи од  пет клубови на МТТФ. На натпреварот учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина.

– Како претседател на федерација сум премногу горд на овој успех и сум блаогдарен на нашите натпреварувачи што дадоа сѐ од себе да ја претстават Македонија во најубаво светло. Во дисциплината Best of the best над 18 години се бореа Теодора Митреска, Владимир Димитриевиќ, Божидар Димитриевиќ освојувајќи награди од по 100 евра, истакна претсетаделот Лазаревски.

Остварени резултати:

-Хва Ранг ИТФ – 8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени медали + 2 пехари за најдобри поединци
-Гебек – 4 златни, 5 сребрени, 4 бронзени медали
-Сонкал – 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали
-Мастер – 1 златен, 2 сребрен, 1 бронзен медал
-Чонџи – 2 бронзени медали
Нашите таеквондости добија и пехар за освоено трето место во севкупен пласман.

Следен предизвик за МТТФ е учеството на Европското првенство на Крит, што ќе се одржи од 19 до 26 април, а боите на Република Македонија ќе ги бранат седум натпреварувачи.