ЈП Водовод – Охрид
Потсетување: Вечерва намален притисок на водата, утре дел од Охрид и околината без вода
Вечер намален притисок, утре без вода поголем дел од градот и околината поради зафати при реконструкција на пумпната станица Метропол
Поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица Метропол како и празнење на главниот доводен цевковод со профил ф 711 мм вечерва после 22:00 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа, а утре, среда, од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните места, се до завршување на предвидените активности.


