Кардиолошки центар „Св. Стефан“ воведува нова метода во третманот на периферна артериска болест со системот Jetstream Atherectomy
Утре во просториите на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Св. Стефан“ Охрид, ќе се одржи работилница која е посветена на воведување на новатa метода.
Утре во просториите на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Св. Стефан“ Охрид, ќе се одржи работилница која е посветена на воведување на нова метода во третманот на периферна артериска болест со користење на системот Jetstream Atherectomy.
-Со оваа метода се третираат специфични промени на периферните артерии. Ова ќе значи натамошно унапредување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите со периферна артериска болест, подобрување на нивниот квалитет на живот, избегнати сложени хируршки интервенции и инвалидитет. Остануваме лидери во третман на периферна артериска болест, велат од болницата.


