НАСА ја лансираше ракетата „Артемис II“, човештвото се враќа кон Месечината по повеќе од 50 години
НАСА ја лансираше ракетата „Артемис II“, првиот лет до Месечината со човечки екипаж по повеќе од половина век.
Ракетата „Space Launch System“ (SLS) што ја носеше капсулата „Орион“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а екипажот е составен од четворица астронаути: командант Рид Вајсмен, пилот Виктор Гловер, и специјалистите Кристина Кох и Џереми Хансен. Кох ќе стане првата жена која патувала кон Месечината, Гловер е првиот црнец на лунарна мисија, а Хансен е првиот Канаѓанец, и воопшто првиот „не Американец“, кој ќе се упати толку далеку во вселената. Вајсмен, пак, ќе стане најстариот човек кој ја напуштил ниската орбита.

Планирано е првите луѓе да се вратат на Месечината со мисијата „Артемис 4“ во 2028. Откако во минатото се натпреваруваа со Советскиот Сојуз, САД во изминатите години се фокусирани на конкуренцијата од Кина, која брзо ја развива својата вселенска програма и планира да испрати луѓе на Месечината во 2030 година.
Во првите 24 часа по полетувањето, леталото ќе кружи околу Земјата, при што екипажот двапати ќе тестира различни системи. Мисијата „Артемис 2“ ќе патува 406.000 километри во вселената, што е најдалеку што отишле луѓето.


