Skip to main content

Укината забраната за пиење на водата од 4 артериски чешми во Охрид

Забраната за употреба беше изречена на 17 март годинава, бактериолошка загаденост. По изечената забрана, од Центарот за јавно здравје од Охрид земени беа земени нови мостри вода од четирите чешми, чии резултати сега ја потврдија безбедноста.
 |  инфодеск  | 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес ја укина забраната за пиење вода од 4 артериски чешми во Охрид лоцирани на булевар Туристичка, во дворот на ОУ Григор Прличев, Биранова чешма во населба Воска и чешма во градскиот пазар (до месарницата).

-Забраната е укината врз основа на добиените резултати од повторените лабораториски тестирања од Центарот за јавно здравје Охрид, со кои е потврдено дека испитаните примероци ги задоволуваат физичко- хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност, информираат од АХВ.