Skip to main content

Охрид домаќин на Социо-здравствен саем: институции, лекари и граѓани во заедничка мисија за превенција и подобро здравје

Социо-здравствениот саем претставува обид здравјето да се извади од институциите и да се доближи до граѓаните, преку директна комуникација, практични совети и достапни услуги.
 |  инфодеск  | 

Охрид ќе биде домаќин на Социо-здравствен саем – тридневен настан кој ги поврзува институциите, компании, иницијативи, здравствените работници и граѓаните околу прашања од директен јавен интерес.

Oтворањето на саемот e на 3-ти април (петок) од 11.00 часот, во големата сала на Општина Охрид.

Во периодот од 03 до 05 април, саемот носи содржина која излегува од рамките на класични настани и директно се доближува до граѓаните:

– отворени разговори со институции за достапноста на здравствените и социјалните услуги
– панел дискусии со лекари специјалисти за превенција, рано откривање и третман на заболувања
– теми кои ја засегаат секоја семејна средина – од примарна здравствена заштита до хронични болести и ментално здравје

Кулминацијата на саемот е ЕКСПО денот (05 април, недела), кој ќе се одржи на тревникот кај хотел Палас, од 12:00 до 15:00 часот, како отворен простор за граѓаните.

На едно место, посетителите ќе имаат можност да:

– се сретнат со околу 20 здравствени установи, компании и организации
– добијат бесплатни мерења, советувања и директни насоки од стручни лица
– учествуваат во активности кои го промовираат здравиот начин на живот

Дополнително, ќе биде поставен и спортско-рекреативен мини полигон, со активности кои ја поттикнуваат физичката активност како дел од секојдневната превенција.

Со ваков концепт, Социо-здравствениот саем претставува обид здравјето да се извади од институциите и да се доближи до граѓаните, преку директна комуникација, практични совети и достапни услуги.

Настанот го организира Здружението на лица со дијабет – Охрид, во партнерство со Аптеки ,,Виа Фарм,, и Центарот за ментално здравје, раст и развој ,,Психонаутика,,. Саемот е финсиски поддржан од Општина Охрид.