Skip to main content

Со 400 kv далновод, Македонија ќе се поврзе со Албанија

На граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница, денеска отпочна изградбата на 400 киловолтен далновод од ТС „Битола 2”, во должина од 100 километри, со што Македонија целосно ќе се поврзе со електроенергетскиот систем на Албанија.
 |  инфодеск  | 

Започна изградбата на 400 kV далновод на релација Трафостаница Битола 2 – македонско-албанска граница. Еден од најважните енергетски проекти во Западен Балкан, кој ќе се имплементира со поддршка на Европската Унија, со вкупна вредност од околу 20 милиони евра.

Клучните придобивки за регионот се енергетска безбедност,  стабилност и економски развој.

Со изградбата на овој 400 киловолтен далекувод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната недостасувачка енергетска врска со нашите соседи. За првпат, мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој. Во енергетиката нема изолирани системи. Нема затворени кругови. Секој систем дише заедно со другите. Токму затоа, оваа интерконекција не е само национален проект – таа е дел од европската енергетска мрежа, рече премиерот Христијан Мицковски.

Со реализација на овој рпоект Северна Македонија и Албанија добиваат нова силна и стратешка електроенергетска врска која ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето , ќе ја зголеми стабилноста на преносниот систем и ќе отвори нов простор за подлабока интеграција на регионланиот и веропскиот енергетски пазар, рече Бурим Љатифи генерален директор на МЕПСО.

Оваа инфраструктура ќе го подобри преносот на струја и ќе овозможи подобро поврзување на  енергетскиот систем на земјава  со регионалниот пазар во Западен Балкан.

-Стратешка основа за новата енергетска карта на нашата змеја и силен чекор напред кон модерна, стабилна и регионална интегрирана енергетска мрежа. Денешниот настан е симбол на нашата решеност, дека Македонија не само што го следи европскиот енергетски развој туку активно го гради, изјави Сања Божиновска министерка за енергетика.

Важноста на инвестицијата која што е исклучително важна во оваа енергетска интерконекција меѓу две соседни земји и за овој стратешки проект ЕБОР веќе обезбеди заем од износ во 37 милиони евра за МЕПСО , изјави Фатих Туркменоглу Претставник на ЕБОР.

Овој проект поддржан од ЕУ со грант од над 14 милиони евра во рамките на инвестициската рамка за Западен Балкан и во тесна соработка со ЕБР ќе создаде нова ефиканса енергетска инфраструктура, изјави Нупнау Бен заменик шеф на европската делегација.

Изградбата на надземниот далекувод, во должина од околу сто километри, , се очекува да заврши на крајот од идната година.

Соња Рилквоска