Skip to main content

Оглас за прием на нови 300 војници во АРМ

Од Министерството за одбрана ги повикуваат сите млади луѓе кои сакаат предизвик, дисциплина и чувство на припадност, како и девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават за огласот за професионални војници.
 |  инфодеск  | 
Арм

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници во Армијата.

Општите услови за прием на кандидатите се македонско државјанство, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност. Кандидатите треба да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на  професионални војници.

Јавниот оглас за прием на војниците ќе трае 15 дена, вклучувајќи го денот на објавување. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана.