Градежни активности на неколку улици во Охрид
Поради изведување на градежни активности кои се однесуваат на санација на уличната патна мрежа, Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот за измени во сообраќајниот режим и апелира на внимателност.
Утре 4-ти април на улиците „15-ти Корпус“, „Питу Гули“ и „Сирма Војвода“ ќе се изведуваат градежни работи, при што се замолуваат учесниците во сообраќајот за крајна внимателност при управување со моторните возила и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
На 6-ти април (Понеделник) за сообраќај ќе биде затворена дел од улицата „Димитар Влахов“, и тоа од почетокот на улицата кај кружната крстосница до крстосницата помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески“.
Воедно се замолуваат учесниците во сообраќајот на 6-ти април да не ги паркираат возилата на оваа улица или веќе паркираните возила да ги отстранат.


