Пријави за закани и семејно насилство во полицискиот билтен на СВР Охрид
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од СВР Охрид.

На 02.04.2026 во 21:15 часот во СВР Охрид, 38-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 19:00 часот во семејниот дом, неговата сопруга кон него и неговата сестра, упатила закани по нивниот живот, при што се заканила и дека поседува материјал, кој можела да го искористи против него.
На 02.04.2026 во 17:15 часот во СВР Охрид, 54-годишна жена од Охрид пријавила дека на 25.03.2026 околу 12:30 часот во Охрид, нејзиниот сопруг, со кој подолг временски период не живееле заедно и упатил закани по животот, а претходно и физички ја нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од СВР Охрид.


