Skip to main content

Симулација на пожар во ООУ „Братство Единство“, апел до надлежните за одблокирање на влезот

Во ООУ „Братство и единство“ успешно спроведена симулациска вежба за постапување при пожар, но надлежните предупредуваат на блокиран влез и нефункционален пристап за интервенција.
 |  Маја Савиќ  | 

Денеска се изведоа симулациски вежби за евакуација при пожар во ООУ „Братство и единство“ во објектите кај Крст Џамија и во Лескајца. Вежбите се во рамки на активностите на Црвен Крст во координација со сите надлежни служби за делување при несреќи и елементарни непогоди.

Наша обврска е на секои две години да извршиме вежби за евакуација при елементарни непогоди, во соработка со сите надлежни институции, значи ТППЕ, Прва помош, Црвен крст, МВР Охрид. Денеска извршивме една показна вежба за евакуација при пожар. Мислам дека помина одлично. Да речеме децата навистина сочувствуваат со целиот настан. Возбудени беа и помина во најдобар ред. Мислам дека потребно е често да се практикува и ние практикуваме значи и како, како законска обврска, но и како вежба реална.“-велиЏемал Мехмед, директор на Основно училиште „Братство и единство“.

Ваквата практична примена на оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација е исклучително важна за увежбување и подготвеност за било каква неповолна состојба. Истовремено на овој начин се проверува функционалноста на плановите и предвидените патеки на движење при што се утврдуваат евентуални пропусти.

Предизвик се, стари се зградите. Луѓето се на некој начин опуштени, не се сконцентрирани. Не зборувам за луѓето само во училиштето, зборувам за институциите. Еве овде имаме голем предизвик во Братство, во Основното училиште во Братство, Крст џамија, каде што не сите влезови за интервенција во школото, значи влез, зборувам во поширокиот опсег на школото, значи во дворот не функционираат сите влезови.“– посочува Сашо Точков – Претседател на Црвен Крст Охрид.

Во реална ситуација во ова училиште, пристапот на возила на против пожарната единица и брзата помош и нивна брзата интервенција би биле отежнати поради блокиран влез од улицата 7-ми Ноември каде просторот е попречен од контенјери и паркинг. Директорот Џемал Мехмед апелира до надлежните институции да се најде соодветно сообраќајно решение.

Апелирам да се среди на некој начин. Тука опфатени се повеќе служби, но врата е оставена и така натаму. Само треба да се сообраќајно да се реши. Цело училиште, значи од сите четири страни ако е со патишта, многу често значи во реална ситуација би било потребно да се стави во функција и вратата, влезната врата, во предниот, односно јужниот дел на училиштето. “ -апелира директорот.

Ваквите предизвици и пропусти утврдени со показните вежби се нотираат во соодветен извештај кој се доставува до училиштето и до надлежните институции. За конкретниот случај е посочувано изминатите години, вели Точков и додава дека мора надлежните да постапуваат.

-„Дел училиштата постапиле, дел не постапиле. Денеска ќе имаме и во Основното училиште Братство во Лескајца, каде што во планот не беше евидентиран затворен излез. Значи, школото правело некоја реконструкција, излезот го затворила. Треба тоа истото во планот за евакуација да се стави. Предпоставувам, односно знам дека не е ставено. И ете, повторно апелираме до школските власти, до школата, до директорот, до наставниците, до сите оние кои менаџираат, но пред се до локалната самоуправа, посебно овде каде што се работи и до сообраќајната полиција или кој што е надлежен, секторот за сообраќај во локалната самоуправа. Ова мора да се реши. Мора да има простор амбулантно возило, возило на противпожарно возило да може да пристапи за безбедно да дејствува.“– вели Точков.

Вакви показни вежби ќе се реализираат и во останатите средни и основни училиште во Охрид и Дебрца како дел од континуираните активности за унапредување на безбедноста во училиштата. Законот за заштита и спасување налага и во сите правни субјекти, да се вршат вакви показни вежби еднаш во една до две години.