Skip to main content

општина дебрца

Исплатени субвенции во Општина Дебрца за продавници, млади возачи и брачни парови

Во Дебрца за прв пат исплатени субвенции за продавници, млади и брачни парови
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информира дека за прв пат во општина Дебрца, исплатени се субвенции за правни лица кои вршат трговија на мало (продавници), за периодот јануари, февруари и март. Истовремено, потсетува дека повикот е отворен до крајот на годината.

Исто така, за прв пат се исплатени субвенции за полагање на возачка дозвола Б категорија за млади до 21 година во износ од по 20.000 денари, а исплатена е и еднократнита финансиска помош за склучување на брак, каде едниот сопружник до денот на склучување нема навршено 30 години, во износ од 30.000 денари по барање.

-Ги поддржуваме младите семејства и го поттикнуваме останувањето во нашата општина. Повиците се отворени до крајот на годината. Продолжуваме со конкретни мерки и политики кои носат реални придобивки за граѓаните на Дебрца, се вели во соопштението од градоначалникот Сиљаноски.