Skip to main content

Балканските тури носат гости во Охрид од далечниот Исток

Балканските тури се реализираат од април до средината на јули, а потоа продолжуваат од септември до декември.
 |  инфодеск  | 

Уште од раните утрински часови, градското пристаниште во Охрид раздвижено и полно со туристи. Низ кејот и старото градско јадро се среќаваат групи посетители од европските земји, но и од далечна Азија.

Туристите од Малезија, Сингапур и Кина, кои се дел од организирани тури низ Балканот, велат иако се задржуваат кратко, Охрид оставил силен впечаток.


„Во Охрид сме само еден ден, на пат сме кон Тирана, Албанија. Ова е балканска тура – вчера бевме во Скопје, го посетивме стариот и новиот дел од градот и беше убаво искуство, вели турист од Малезија.

-Македонија многу ни се допаѓа. Денес сме во Охрид и навистина сме воодушевени од езерото, многу е убаво.“

Гостите од Азија пристигнуваат на скопскиот аеродром, а заминуваат од Загреб. Посетуваат пет земји, а Охрид е редовна станица. Интересот за регионот, според туристичките работници, е во постојан пораст.

-„Тргнуваме од Скопје, а турата ја завршуваме во Загреб. Посетуваме повеќе градови – Скопје, Охрид, Скадар, Тирана, Котор, Дубровник, Мостар, Сараево, Бихаќ. Станува збор за долга, седумдневна тура. Драго ни е што започнуваме токму во Македонија. Нашите гости особено уживаат во Охрид“, вели Амина Омеркич, туристички водич од Босна.

Балканските тури се реализираат од април до средината на јули, а потоа продолжуваат од септември до декември.

Добрата посетеност е потврда дека Охрид е неизбежна станица на туристичката мапа на Балканот.

Новинар Соња Рилковска