Skip to main content

Подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на ден 09.04.2026 год.(четврток)

Се молат граѓаните да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта.
 |  инфодеск  | 

Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 09.04.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција

Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта.

Воедно , од ЈП Охридски Комуналец апелираат до граѓаните да не одлагаат отпад на места кои не се предвидени за тоа и да создаваат депонии. Доколку имате отпад којшто не знаете каде да го одложите контактирајте го јавното претпријатие на телефонот 075397944.

-Дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето и животната средина. Дополнително, службите излегуваат на терен чистејќи ѓубришта, трошејќи огромни ресурси коишто припаѓаат на сите граѓани. Доколку граѓаните го одлагаат отпадот онаму кадешто е дозволено на начин којшто е прифатлив овие пари ќе може да се насочат кон овозможување поквалитетни услуги за сите, велат од Охридски Комуналец.