Инфлацијата во март се зголеми на 4,9%, Владата со мерки по Велигден
Инфлацијата изразена преку индексот на трошоците на животот во март 2026 година во однос на март 2025 година бележи зголемување од 4,9 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. На годишна основа најголемо зголемувањето на трошоците на живот е забележано кај групоте: храна и безалкохолни пијалаци за 7,5%, алкохол, тутун и наркотици за 8,8%. Во однос на цените на мало најголемо зголемување на годишна основа има кај цените на индустриско-прехранбените производи од 6,9%, прехранбените производи од 6,8% кко и кај земјоделските производи од 6,4%.
За ублажување на растот на цените, Владата ќе носи мерки по Велигден. Според најавата на Премиерот Христијан Мицкоски, веднаш по велигденските празници се очекува на владина седница да бидат усвоени мерки кои нема да бидат општи, туку конкретно насочени кон ранливи категории граѓани и основни прехранбени артикли. Во пакетот се предвидуваат намалување на данокот на додадена вредност, но и поставување лимити на профитните маржи, со цел да се спречи ценовен притисок врз потрошувачите.


