Skip to main content

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Ромите

Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме заедница во која секој граѓанин има еднакви можности за напредок и достоинствен живот, вели Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Градоначалник Пецаков

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница.

Денешниот празник е потсетник за вредноста на различностите и богатството што го носи секоја заедница во нашиот мултиетнички мозаик. Ромите се нераскинлив дел од современото македонско општество, со својата препознатлива традиција, култура и придонес во сите сфери на општествениот живот.

Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме заедница во која секој граѓанин има еднакви можности за напредок и достоинствен живот. Само преку меѓусебна почит, разбирање и солидарност можеме да создадеме стабилна и праведна иднина за сите.

Во мое лично име и во името на Општина Охрид, ви посакувам добро здравје, лична среќа и успех, со искрена надеж дека заедно ќе продолжиме да градиме подобро и посилно општество за сегашните и идните генерации, се вели во честитката од Пецаков.