Skip to main content

општина охрид

Денес Велигденски базар на плоштадот „Вангел Наумоски”

Настанот е во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски пазар”, а има за цел да го збогати празничниот дух во градот, да ја поттикне креативноста кај најмладите и да ја афирмира хуманоста, солидарноста и заедништвото.
 |  инфодеск  | 

По повод големиот христијански празник, Воскресение Господово- Велигден, денес (Велики четврток) со почеток во 11:00 часот, на плоштадот „Вангел Наумоски” (Мини маркет) ќе се одржи традиционалниот Велигденски базар којшто има хуманитарен карактер.

Настанот е во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски пазар”, а има за цел да го збогати празничниот дух во градот, да ја поттикне креативноста кај најмладите и да ја афирмира хуманоста, солидарноста и заедништвото.

-На базарот ќе бидат поставени изложбени штандови на основните и средните училишта, ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, Младинскиот центар Охрид, ОО на Црвен крст – Охрид, занаетчии, ракотворци, како и производители на традиционална храна и пијалоци. Пред посетителите  ќе бидат презентирани велигденски изработки, креативни  ракотворби, ученички творби и хуманитарни активности, велат од Општина Охрид.

Додаваат дека предвидена е и богата културно-уметничка програма со настапи на  децата згрижени во   детската  градинка , основните училишта, како и фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Охрид.

Дел од  собраните средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, како симбол на солидарност, љубов и грижа за заедницата.