Skip to main content

Започнува изработката на техничка документација за пречистителна станица во Лабуништа

Изработката на документацијата се реализира во рамки на проект на УНДП, финансиран од Владата на Шведска, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга започна со изработка на сеопфатна техничка документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Лабуништа – проект кој претставува долгорочно и одржливо решение за заштита на животната средина.

Проектот е конципиран со можност за понатамошно проширување и опфаќање на дополнителни населени места.

Изработката на документацијата се реализира во рамки на проект на УНДП, финансиран од Владата на Шведска, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот предвидува: современ и ефикасен третман на отпадните води, поврзување на постојната канализациска мрежа, изградба на неопходна придружна инфраструктура.

Во процесот активно се вклучени општинските служби, експерти од УНДП, проектантскиот тим, како и претставници од локалната заедница од с. Лабуништа.

„Овој проект е важен чекор кон подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните. Ќе придонесеме за заштита на водните ресурси и ќе создадеме предуслови за одржлив развој,“ истакна градоначалникот Менди Ќура.

Додава дека Општина Струга продолжува со конкретни активности за модернизација на инфраструктурата и заштита на животната средина.