Поставен видео надзор на повеќе локации каде се создаваат диви депонии
Поставен e видео надзор на повеќе локации во Охрид каде континуирано подолг период се создаваа диви депонии и секое прекршување на Законот за јавна чистота ќе биде соодветно санкционирано, информираат од ЈП Охридски Комуналец.


-Во изминативе 10 дена оперативните служби беа максимално ангажирани во справување со последиците од неодговорното однесување на поединци кои не размислуваат што оставаат зад себе ослободувајќи се од непотребниот отпад од своите домови. Грди слики од нелегално депониран отпад во населба Даљан, локалитет Лабино, селата Рамне, Трпејца, Косел, Подмоље и многу други локации покажуваат како може нечија негрижа кон животната средина да создаде долгорочни последици и да го наруши нормалното функционирање во секој сегмент од животот, велат од претпријатието.


Од наведените локации, со вонредно ангажирање на човечки ресурси и механизација се подигнати 164 м3 кабаст и зелен отпад и градежен шут, информираат од ЈП Охридски Комуналец.




